KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

Малком останува во Бордо

Бразилскиот напаѓач Малком нема да го напушти тимот на Бордо овој месец.

Францускиот клуб инсистира Малком да остане до крајот на оваа сезона, објави „Л’Екип“.

20-годишниот фудбалер блеска во Лига 1, а за него многу големи тимови во Европа понудија обештетување до 50 милиони евра.

Сезонава на 23 настапи постигна седум гола и шест пати асистираше.

Малком беше префрлен во Бордо на почетокот на 2016 година од Коринтијанс за десет милиони евра.

Тој има договор со францускиот тим до 2021 година. Малком е дел од репрезентацијата на Бразил до 23 години.