Третиот играч на Брајтон и Хов Албион кој е позитивен на тестот за КОВИД-19 се чувствува добро и не покажува никакви симптоми. Ова го соопшти менаџерот на премиерлигашот Греам Потер, пренесува Ројтерс.
Пред еден ден Брајтон објави дека и третиот играч на оваа екипа бил тестиран за коронавирус.
Двајца играчи на Брајтон се заразија со коронавирус во март и април, а последниот случај го загрози планот на Премиер лигата за продолжување на кампањата, која беше прекината во март.
„Добро е, добро е. Зборував со него вчера, тој нема симптоми па се чувствува добро“, изјави Потер.
„Тоа е малку чудно за него. Не сака да останам дома, изолиран, но разбира зошто мора. Како што можете да забележите, постои малку загриженост од другите играчи, кои сакаат да се уверат дека тој е во ред. Но, тој е и сите се среќни поради тоа“.
Англиската Премиер лига се очекува да продолжи следниот месец.