Ливерпул ја постигна втората победа во новата сезона од Лигата на шампионите.
Актуелниот шампион победи со 1 спрема 4 против Генк во третото коло од групата Е.
Окслејд-Чембрлен ги постигна првите два гола, пред Садио Мане и Мохамед Салах да додадат по еден. Стрелец на единствениот гол за Генк беше Одеј.
Во истата група, Наполи победи со 2 спрема 3 против Салцбург. Дрис Мертенс постигна два гола, а Лоренцо Инсиње додаде уште еден. Во Салцбург суперталентот Халанд постигна два гола.
Наполи води во групата Е со седум бода, еден повеќе од Ливерпул. Салцбург има три на третото место, а Генк една на последното место.
