Џеси Лингард е позитивен на тестот за Ковид-19, соопштија од тимот на Манчестер Јунајтед.
Фудбалерот се изолираше и се очекува да остане надвор од тимот.
Веста е потврдена и од англискиот клуб.
„За жал, Џеси Лингард не е достапен за натпреварот против Евертон откако беше позитивен на тестот за Ковид-19. Тој е изолиран во согласност со упатствата на Владата и Премиер лигата“, се вели во соопштението на англискиот клуб.