Дефанзивецот Виктор Линделоф и по завршувањето на оваа сезона ќе остане дел од Манчестер Јунајтед. Швеѓанецот постигна договор за обновување на договорот кој истекува следната година со англискиот клуб.
Со обновувањето на договорот, кое ќе биде официјализирано овој месец, Линделоф ќе биде дел од Јунајтед до летото 2025 година и ќе има опција за продолжување на уште една година.
Оваа сезона Линделоф добива доволно простор во тимот и е високо оценет од тренерот Ерик тен Хаг. Во сите натпреварувања досега, 29-годишниот играч има 10 настапи за Јунајтед и тоа го поттикна клубот да реагира на продолжување на неговиот договор. Тој е дел од Јунајтед од 2017 година кога дојде од Бенфика.