KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

Лигата на нациите, одлична можност за Косово

Хрватска беше еден од ривалите на Косово во елиминацискиот циклус за Светското првенство во фудбал „Русија 2018“.

Хрватите убедливо го добија првиот натпревар против Косово, но вториот го добија со многу мака, со минимален резултат 1:0. Хрватска потоа отиде до финалето на Светското првенство, пишува денеска Коха Диторе.

Ова се смета како доказ за тоа со какви силни ривали се соочи Косово во првиот квалификациски циклус. Во вториот „циклус“ Косово ќе мора да се справи со значително полесни противници. Нема да бидат Хрватска, Исланд, Украина, Турција и Финска, туку противници ќе бидат Азербејџан, Фарски Острови и Малта.

Косово ќе се соочи со овие три мали претставници во Лигата на нации на УЕФА, новото натпреварување на Европската фудбалска конфедерација. (Повеќе можете да прочитате во Коха Диторе денес).