Напаѓачот Роберт Левандовски е подготвен на лето да се пресели во Барселона, но само под услов шпанскиот тим да му понуди тригодишен договор. Ова го објави во четвртокот шпанскиот сајт „Спорт“.
Левандовски е отворен за преселба на „Камп Ноу“ бидејќи се уште не го продолжил договорот со Баерн кој истекува следната година.
Исто така, Барселона гледа на Полјакот како соодветно засилување и во понудата да го убеди Баерн да го ослободи, спремна е да го вклучи и дефанзивецот Сергино Дест кој им се допаѓа на Баварците.