Садио Мане нема да игра на Светското првенство кое се одржува од 20 ноември до 18 декември во Катар, објави L'Equipe.
Мане заработи повреда на синоќешниот натпревар помеѓу Баерн и Вердер кој заврши 6:1 во корист на Баварците.
Отсуството на Мане е тежок удар за Сенегал. Се очекува да пропушти неколку недели.
Селекторот на Сенегал, Алиу Сисе, во петок ќе го објави составот за Катар.
Сенегал е во групата А заедно со Катар, Еквадор и Холандија.