Кристијано Роналдо ќе го пропушти домашниот пријателски натпревар на Јувентус во среда навечер поради полесна повреда.
Јувентус на Твитер потврди дека играчот се здобил со лесна повреда на мускулите на левата надколеница и во наредните денови ќе тренира сам.
Ова им донесе големо разочарување на илјадниците фанови кои отпатуваа во Вилар Пероса, надевајќи се дека ќе го видат бројот 7 на дело.
34-годишниот фудбалер го пропушти и натпреварот против ѕвездите на К-лигата, а клубот соопшти дека има мускулен проблем.
Јуве ја започнува сезоната на 24 август против Парма.
Пријателскиот натпревар како денешниот се игра секое лето помеѓу првиот тим на „Старата дама“ и младинскиот тим.