KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

Лацио инсистира на Берарди

Екипата на Лацио не се откажува од трансферот на крилниот напаѓач Доменико Берарди. „Калчомеркато“ во четвртокот објави дека Лацио ќе направи се за да го убеди Сасуоло да го ослободи 28-годишниот фудбалер. Берарди се смета за големо засилување за Лацио следната сезона, со оглед на тоа што се очекува клубот да настапи во Лигата на шампионите.

Тој има договор до 2027 година со Сасуоло, тим кој за неговиот картон бара најмалку 40 милиони евра.

Сезонава Берарди е главен играч на Сасуоло откако во првенството постигна 8 гола и 6 асистира. Тој е дел од Сасуоло од 2012 година, а со репрезентацијата на Италија има 25 настапи и 6 гола.