Фудбалерот на Барселона Лионел Меси денеска ја прими наградата за најдобар фудбалер за 2019 година од ФИФА.
Тој во тесна трка ги победи Вирџил Ван Дијк од Ливерпул и Кристијано Роналдо од Јувентус.
За најдобрите гласаа четири категории: капитени на националните тимови, тренери на националните тимови, новинари и навивачи. Сите имаа право на избор од тројцата најдобри, при што првиот беше оценет со пет поени, вториот со три и третиот со еден. На крајот, во зависност од вкупниот пласман во секоја категорија, првото место добива максимални 12 бода, второто 10, а третото 8.
Врз основа на вкупно четири категории, Лионел Меси има добиено 46 поени.
Второпласиран е Ван Дијк со 38, додека трет Кристијано Роналдо со 36.
Ова се првите десет:
