Фудбалската федерација на Косово (ФФК) во петок (денес) се очекува да упати официјално барање до Министерството за здравство (МЗ) за да добие дозвола да го организира натпреварот против Словенија со гледачи.
ФФК со барањето да ги пушти гледачите на трибините ќе ја претстави и одлуката на ЕК на УЕФА донесена во четврток, каде што дозволи организација на натпревари со максимални 30 отсто гледачи на трибините, пренесува КОХА.
На 11 октомври на стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина, Косово против Словенија ќе го одигра третиот натпревар од второто издание на Лигата на нации.
„Ќе побараме да им се дозволи на гледачите да влезат на стадионот. Кон барањето ќе ја приложиме и одлуката на УЕФА. Имаме капацитет да се придржуваме до сите препораки на УЕФА и здравствените власти на државата“, изјави во четвртокот за КОЌН претседателот на ФФК, Агим Адеми. По мечот со Словенија, Косово на 14 октомври во Атина ќе игра против Грција.