Јувентус не ги менува плановите за дефанзивецот Матијс Де Лигт.
„Калчомеркато“ објави дека на следниот состанок со страните уште еднаш ќе се разговара за новиот договор за холандскиот дефанзивец.
„Старата дама“ ќе му понуди на Де Лигт нов двегодишен договор со кој ќе остане во Торино до 2026 година.
Тренерот Масимилијано Алегри смета на неговите услуги, особено по заминувањето на Џорџо Челини.
Де Лигт оваа сезона постигна три гола на 31 натпревар во Серија А.