Јувентус е насочен кон трансфер на крилниот напаѓач Усман Дембеле по завршувањето на ова издание, објави во четвртокот италијанскиот сајт „Калчомеркато“.
Дембеле допрва треба да го продолжи договорот со Барселона, кој истекува следното лето, а Јувентус се надева дека ќе го ангажира 24-годишниот фудбалер на слободен трансфер.
Дембеле оваа сезона нема ниту еден настап со Барселона, бидејќи се уште не е опоравен од повредата заработена пред месеци.
Дембеле дојде во Барселона во 2017 година од Борусија Дортмунд за 135 милиони евра, но никогаш не успеа да се докаже поради постојаните повреди кои го водеа во шпанскиот тим.