Јувентус за новата сезона не смета на услугите на Мерих Демирал и Арон Ремзи.
Италијанските медиуми објавија дека тренерот Масимилијано Алегри ги известил челниците на клубот дека двојката може да биде продадена ова лето.
Во последната сезона Демирал беше на позајмица во Аталанта, додека Ремзи беше позајмен во Ренџерс.
За турскиот дефанзивец „Старата дама“ бара околу 25 милиони евра, додека за Велшанецот 15 милиони.