KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

Јувентус ја дава првата официјална понуда за Локатели

Челниците на Јувентус во петокот одржаа состанок со оние на Сасуоло околу трансферот на играчот од средниот ред Мануел Локатели.

А, според медиумите во Италија, Јувентус е фаворит за обезбедување на услугите на Локатели ова лето. Впрочем, познато е дека Јувентус веќе ја има дадено првата официјална понуда за Локатели. За неговиот картон Јувентус понуди 30 милиони евра обештетување плус неколку нови играчи.

Сасуоло бара најмалку 40 милиони евра за да го ослободи Локатели и се вели дека зделката е при крај, бидејќи играчот од средниот ред исто така сака да премине во Јувентус.

Локатели имаше добри настапи со Италија на „Евро 2020“ каде постигна два гола.

23-годишниот Локатели има договор со Сасуоло до 2023 година.