На прв поглед, победата на Италија со 5-0 над 182. рангираниот Лихтенштајн на ранг-листата на ФИФА не беше резултат вреден за одбележување.
Но, победата во вторникот вечерта во Вадуц означи историски момент за тимот кој претрпе радикална трансформација во 17-те месеци откако Роберто Манчини ја презеде менаџерската функција.
Тоа беше деветта последователна победа на Италија, серија што го израмни рекордот поставен од одличниот тим на Виторио Поцо 80 години претходно, пренесува Коха Диторе.
„Израмнувањето на рекордот на Виторио Поцо е добро, но најпрво би сакал да го израмнам неговиот рекорд со освоени две светски првенства“, изјави Манчини по натпреварот.
Можеби е тешко да се постигне тоа во моментов, но поранешниот менаџер на Манчестер Сити и даде на италијанската јавност многу оптимизам и импресивна статистика.
исто така
Петте фактори зад рекордот на Италија
Победата на Италија против Грција од 2:0 на „Олимпико“ во Рим ги обезбеди европските квалификации за Италија на три натпревари пред крајот на циклусот.
Тоа беа најраните квалификации што Италија некогаш ги има постигнато, додека настапот во групата Ј по победата во Лихтенштајн во вторник ја израдува италијанската јавност уште повеќе... (Целиот текст може да го прочитате денеска во „Коха диторе“)