Ромелу Лукаку може да се врати во тимот на Интер, но сега на позајмица од тимот на Челзи.
„Нероаѕурите“ им порачаа на „сините од Лондон“ дека се подготвени да потрошат само 8 милиони евра за да го обезбедат Лукаку како позајмен играч, напиша во саботата „Calciomercato“.
Челзи е отворен да го пушти белгискиот напаѓач на позајмица.
29-годишниот фудбалер постигна само 15 гола и имаше 2 асистенции на 44 натпревари во сите натпреварувања со лондонскиот тим.