Крилниот напаѓач, Лоренцо Инсиње и во новата сезона ќе биде дел од тимот на Наполи.
Италијанските медиуми во средата објавија дека Инсиње се согласил да го обнови договорот со Наполи, кој истекува следната година.
Познато е дека тој ќе остане во Наполи до 2025 година и се ќе се официјализира пред почетокот на новата сезона во Серија А, која ќе стартува следниот викенд.
Инсиње беше дел од Италија која триумфираше на „Евро 2020“ и е капитен на Наполи.
Минатата сезона, Инсиње постигна 19 гола и 11 асистираше на 48 натпревари за Наполи во сите натпреварувања.