KOHA.net

СПОРТ

Хисај ќе го напушти Лацио

Елсеид Хисај

Елсеид Хисај

Дефанзивецот на Албанија, Елсеид Хисај ќе биде следното заминување од тимот на Лацио во летниот преоден рок. 

Во понеделникот „La Corriere Dello Sport“ објави дека Хисај размислува да го напушти тимот од Рим по три години престој.

Се дознава дека интерес за Хисај пројавиле неколку екипи од Саудиска Арабија и Катар. 
30-годишниот фудбалер беше префрлен во Лацио во 2021 година од Наполи. Во изданието 2023/2024, Хисај одигра 31 натпревар со дресот на Лацио во сите натпреварувања. 

Хисај беше дел од Албанија на ЕП „Германија 2024“. Играше против Италија и Хрватска.