Косовскиот фудбалер Флорент Хасани се очекува да го напушти Рапид Букурешт и кариерата да ја продолжи во другиот елитен тим на Романија, Сепси.
Хасан не беше вклучен во тимот на Рапид на подготовките кои започнаа во понеделникот во Дубаи. А шансите да остане дел од Рапид се многу мали.
Се очекува Хасани кариерата да ја продолжи во друг клуб а една од заинтересираните екипи според „Фанатик“ е Сепси.
27-годишниот Хасани има договор со Рапид до јуни 2026. Во Рапид дојде во јануари минатата година од Тирана. Со дресот на Рапид во романската Суперлига, Хасани има постигнато еден гол и асистенција.
Сепсата е на седмото место.