KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

Гуендоган отворен за игра во МЛС или Турција

Играчот од средниот ред на Германија, Илкај Гуендоган е отворен за трансфер во САД или Турција, но се надева дека кариерата ќе ја заврши во Манчестер Сити, пишува „Goal“.

Гуендоган има договор со Сити до 2023 година и најави дека е подготвен да започне преговори со клубот за негово продолжување. Сепак, Сити се уште не дал сигнали и не започнал разговори со Гуендоган.

„Поради моите корени Турција ме интересира. Но, сакам да играм и во САД. Сепак, не сум премногу загрижен за мојата иднина бидејќи имам договор со Сити на уште една година. Моја желба е тука да ја заврши кариерата, но ќе видиме“, изјави Гуендоган.

31-годишниот играч од средниот ред има осум гола и шест асистенции на 38 натпревари оваа сезона за Сити, кому му се приклучи во 2016 година од Борусија Дортмунд.