Џенова го отпушти тренерот Роландо Маран, по лошите резултати, додека на негово место се очекува да биде назначен Давиде Балардини.
Џенова го зазема 19. место во Серија А по вчерашниот пораз од 2:0 на гостувањето кај Беневенто. Џенова е во серија од 12 натпревари без победа во лигата.
„Џенова соопштува дека го ослободи тренерот Роландо Маран од функцијата. Клубот му се заблагодарува на тренерот и неговиот персонал за посветеноста“, се вели во соопштението за медиумите на Џенова.