Трките во Формула 1 нема да бидат откажани доколку возачот или член на тимот биде позитивен на коронавирус, изјави претседателот на Ф1, Чејс Кери.
Лидерот во Формула 1 зборуваше откако во вторникот беше објавено дека првите осум трки од ова издание ќе се одржат во Европа, со почеток на 5 јули.
„Ќе имаме процедура која ќе предвиди доколку имаме случај на инфекција, да нема откажувања. Ако возачот има инфекција, тимовите имаат на располагање резервни возачи“, изјави Кери за Би-Би-Си.
Дури и ако некој тим нема да може да се натпреварува, натпреварот нема да биде откажан, рече тој.