Галатарасај влезе во преговори со Вулверхемптон за ослободување на Адама Траоре, објави во четвртокот „Спокс“.
Турскиот клуб ја побара позајмицата на Шпанецот на една година. Крилниот напаѓач има договор со англискиот тим до јуни следната година.
26-годишниот фудбалер претходно имаше кариера во Барселона, Мидлзброу и Астон Вила. Сезонава во Премиер лигата на четири натпревари одигра 53 минути.