Фиорентина го сака Рибери
Фиорентина започна преговори за трансфер на поранешната ѕвезда на Баерн, Франк Рибери.
Џанлука Ди Марцио и Скај Спорт Италија пренесуваат дека Фиорентина се обидува да го убеди Рибери за проектот што го има, пренесува Коха.нет.
36-годишниот играч е слободен играч, откако летото го напушти Баерн, а се дознава дека веќе одбил понуди од различни клубови од Холандија, Русија и Саудиска Арабија.
Виола не успеа да ја пополни празнината што ја остави Марко Пјаца кој се врати во Јувентус.