Во Фудбалската федерација на Романија (ФРФ) се плашат од строгата казна на УЕФА, поради истакнувањето на пораката „Косово е Србија“ на натпреварот меѓу Романија и Косово одигран во рамките на квалификациите за „Евро 2024 година“.
Романија го доби натпреварот со 2:0, но во првото полувреме беше прекинат поради пораката што ја открија хулиганите на ултрас групата „Унити суб триколор“.
Портпаролот на романската федерација, Мохаи Стоичита, призна дека по прекинот на натпреварот ќе дојде до негово откажување и Романија ќе го загуби со службен резултат 3:0. Сепак, откако мечот продолжи и заврши со победа на Романците, федерацијата е подготвена на високи парични казни и строга казна од УЕФА. Впрочем, тие се убедени дека ќе бидат казнети бидејќи следните два натпревари на домашен терен ќе ги играат без присуство на навивачи.
До крајот на овој елиминациски циклус Романија ќе одигра уште четири натпревари од кои два на домашен терен. Со Андора (15 октомври) и Швајцарија (21 ноември) со овие натпревари се затвораат квалификациите.
Стоичита додаде дека ваквите пораки не припаѓаат на фудбалските стадиони и не се толерираат на ниту еден начин и од УЕФА и од ФИФА.
„Им кажавте на тие момци на трибините дека немаме војна, немаме оружје, туку топка и различни дресови. Противник сме 90 минути, по што ќе продолжиме да се почитуваме. Ние не сме во војна со никого. Живееме во фудбалска демократија, а не во политичка. Се плашам дека ќе го загубиме натпреварот со службен резултат“, изјави Стоичита. „Со Андора тоа е завршена работа и нема да играме со присутните навивачи. Но, очекуваме да играме без навивачи и на натпреварот против Швајцарија. Овие казни сигурно ќе ги изрече УЕФА, која е многу строга во правилата и не дозволува политички пораки на стадионите“.