Белгискиот фудбалски сојуз објави оглас за пронаоѓање на наследникот на Роберто Мартинез по нивната лоша кампања на Мундијалот.
Белгија беше елиминирана во групната фаза без ниту една победа од трите натпревари. По неуспехот во Катар, селекторот Мартинез поднесе оставка по шест години на чело на стручниот штаб на белгискиот репрезентативец.
„Фудбалската федерација на Белгија бара тренер на репрезентативниот тим. Новиот селектор на репрезентацијата мора да има извонредни амбиции и да го има потребното меѓународно искуство на високи нивоа, добро да ја познава тактичката страна на фудбалот и да ги поседува вистинските лични вештини. Мора да се фокусира на создавање тесна група и да знае како да ги интегрира новите играчи“, пишува во соопштението на Белгиската фудбалска федерација.