Атлетската федерација на Косово (ФАК) е убедена дека на 18. издание на полумаратонот „Приштина 2018“ ќе има повеќе елитни спортисти од претходните изданија. Од ФАК сметаат дека и вкупниот број ќе биде поголем.
Претседателот на ФАК Халил Сулејмани на конференцијата што се одржа во средата во Приштина рече дека новини ќе има и во организациски аспект, пишува денеска Коха диторе.
Годинешниот полумаратон ќе започне порано од претходните години. Ќе се организира на 29 април (10:00 часот).
Патот ќе биде ист. Почетокот и финишот ќе бидат пред Народниот театар во Приштина. Спортистите ќе ја прават релација Приштина - Фуше-Косово - Обилиќ - Приштина. (Повеќе можете да прочитате во Коха Диторе денес).
-
На полумаратонот „Приштина 2018“ се очекува да учествуваат околу илјада натпреварувачи
-
784 учесници на „Приштински маратон 2022“
-
Првиот маратон во Приштина може да се одржи без натпреварувачи од Кенија
-
Оваа недела ќе се одржи виртуелниот маратон на Приштина
-
Првиот маратон во Приштина се претвора во виртуелна трка