Екипата на Евертон изрази интерес за напаѓачот на Интер, Чилеанецот Алексис Санчез.
Санчез ќе го напушти Интер за време на јануарскиот преоден рок бидејќи не е дел од плановите на тренерот Симоне Инзаги и Евертон е подготвен да понуди околу десет милиони евра за неговиот картон.
Санчез има договор со Интер до 2023 година, а оваа сезона имаше многу мала минутажа. За Интер имаше пет настапи во сите натпреварувања и имаше една асистенција.