Евертон ќе му понуди нов договор на Ентони Гордон, пренесуваат медиумите во Англија.
Гордон беше блиску до преселба во Челзи во текот на летниот преоден рок и лондонскиот клуб дури достави понуда вредна 50 милиони евра.
Но, токму Евертон ја одби понудата на англискиот гигант.
Англискиот талент има договор со Евертон до јуни 2025 година.
Крилниот напаѓач оваа сезона постигна два гола на шест настапи во Премиер лигата.