Лука Дончиќ блескаше во победата што Словенија ја постигна против Белгија на „Евробаскет“ во саботата.
Словенија победи со 88:72 и се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство во кошарка. Сега ќе игра со победникот од дуелот меѓу Украина и Полска.
Решавачки во оваа победа беше четвртиот период, каде Словенците остварија серија од 19:1.
Актуелниот европски првак Словенија го предводеа Дончиќ и неговата колешка од НБА ѕвездата Горан Драгиќ.
Дончиќи беше најдобар со 35 поени, пет скока и пет асистенции.
Кај Белгија најистакнат беше Ману Лекомт, кој постигна 16 поени, четири скока и две асистенции.