Играчот од средниот ред Кристијан Ериксен ќе го раскине договорот со Интер во јануари бидејќи нема да смее да игра во Серија А со ICD.
Ериксен доживеа срцев удар против Финска на воведниот меч на Данска на „Евро 2020“ и колабираше на теренот.
Поради ова му вградиле апарат во срцето, со кој фудбалерите не можат да играат во италијанското првенство. Ериксен веќе се врати на тренинзите оваа недела, но на неговиот поранешен тим во Данска, Оденсе, бидејќи не смее да тренира во Италија.
Интер и Ериксен постигнаа договор за раскин на договорот кој ќе биде официјализиран на почетокот на следната година.
Ериксен има договор со Интер до 2024 година и годишна плата од седум милиони евра.