Капитенот Гранит Џака и Џердан Шаќири стартуваат за Швајцарија во осминафиналето против Португалија, кое започнува во 1 часот.
Исто така, во првиот тим на Швајцарија се врати и голманот Јан Сомер, кој отсуствуваше против Србија.
Во меѓувреме, во Португалија на клупата е оставен ѕвездата Кристијано Роналдо. Наместо Роналдо, Португалија ќе игра со напаѓачкиот пар Гонсало Рамос и Жоао Феликс.