Во своето прво интервју како играч на Ремс, Арбр Зенели зборуваше за причините кои го наведоа да ја напушти Шведска и да заигра за фудбалската репрезентација на Косово. Косовската ѕвезда Зенели викендов беше префрлен од холандски Херенвен во француската Лига 1 Ремс. Со Ремс, 23-годишниот роден во Шведска потпиша договор со важност до јуни 2023 година.
Ова е најголемиот трансфер во досегашната кариера на Зенели, но тој имаше направено прилично голем трансфер и на репрезентативно ниво. Откако играше за У-17, У-19 и У-21 селекциите на Шведска, Зенели одлучи да му се приклучи на Косово во 2016 година, пренесува Коха Диторе.
Со шведската У-21 дури и го освои Европското првенство. Тој во интервјуто направено за веб-страницата на Ремс беше прашан за транзицијата од Шведска во Косово.
„Да, ми беше тешко бидејќи бев дел од тимот кој го освои европското У-21 и тогаш почувствував дека сакаат да ми дадат шанса, но всушност никогаш не го направија тоа. Ова е една од причините поради која го избрав Косово, но тоа не е единствената причина. Избрав и со срце, бидејќи моите родители се од Косово. Иако не сум роден таму, имам албанска крв. Многу сум поврзан со моите корени. Изгледа беше правилна одлука и горд сум што сум дел од овој тим“, изјави Зенели за веб-страницата на Ремс, просечен тим во францускиот шампионат.
Тој зборуваше во вторникот, пред првиот тренинг со новиот тим. Зенели беше прогласен за најдобар играч на Косово за последната година, додека веќе важи за еден од најважните во репрезентативниот тим. Во Холандија настапи на високо ниво, додека очекувањата за него се големи и во француската селекција.(Повеќе можете да прочитате денеска во Коха Диторе).