KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

Димарко со нов договор во Интер

Добрите игри на Федерико Димарко резултираа левиот бек да биде награден со нов договор во Интер.

„Gazzetta dello Sport“ во понеделник објавува дека на Димарко веќе му е понуден нов договор и се очекува договорот меѓу страните да биде постигнат во текот на оваа недела.

Со новиот договор Димарко ќе биде дел од Интер до 2028. Актуелниот договор на 25-годишниот фудбалер истекува во 2026 година, но Интер сака да го задржи подолго во тимот по добрите настапи оваа сезона. На 6 одиграни натпревари Ди Марко постигна 1 гол и 3 асистенции.

Има 12 настапи и 2 постигнати гола за Италија за која дебитираше минатата година.