KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

На Дијаз му е дозволено да замине во јануари

Напаѓачот на Реал Мадрид, Маријано Дијаз ќе го напушти шпанскиот клуб во јануари, објави во неделата Goal.com.

26-годишниот Дијаз важи за технолошки вишок во Реал, додека интерес за него искажуваат Милан и Рома, пренесува Коха Диторе.

Сепак, пречка за неговиот трансфер во Серија А е високата плата на фудбалерот. Дијаз мора да прифати намалување на платата за да се приклучи на Милан или Рома.

Дијаз минатото лето премина во Реал од Лион за 21.5 милиони евра. Минатата сезона играше на 22 натпревари во сите натпреварувања и постигна четири гола. Неговиот договор со Реал истекува во летото 2023 година.

Слични статии