Селекторот Дидие Дешамп е во финалето на Светското првенство со Франција, и цели кон освојување на уште еден ценет фудбалски трофеј.
Дешам триумфираше со Франција пред четири години на Светското првенство, совладувајќи ја Хрватска. Сега Аргентина ќе биде во финалето.
„Тоа беше важен натпревар. Ќе има уште еден. Еден месец сме заедно со играчите и не ни беше лесно ниту еден момент. Но, тука има многу радост, а групата е заслужна за овој успех. Титулата ќе ја бараме во недела. Им порачувам на персоналот и на играчите да го живеат денот и да уживаат во моментот. За четири дена ќе играме за светската титула. Ќе уживаме и ќе бидеме подготвени за ова Светско првенство“, изјави Дешам за официјалниот сајт на ФИФА.