Средниот бек на албанскиот репрезентативец Кастриот Дермаку покажа дека воопшто не се двоумел кога добил понуда од италијанската Серија А, Парма.
Дермаку се приклучи на Парма како слободен играч откако му истече договорот со Козенца од Серија Б. Дермаку вели дека сака да се докаже во Серија А.
„Дојдов со горлива желба да покажам дека дојдов во Серија А за да останам овде. Мојата физичка способност е мојата најсилна страна. Имам уште многу да учам, има играчи кои се постари од мене. Се чувствувам подготвен да ги научам сите тајни на Серија А. Имав контакт и од други тимови од Серија А, но потоа дознав за интересот на Парма и веднаш помислив дека тоа е најдобриот избор. Серија А отсекогаш била мојот сон, се уште не сум имал шанса да бидам тестиран во Серија А. Работам доста добро и се надевам дека се ми оди добро, како во Козенца“, изјави Дермаку за официјалниот сајт на Парма во понеделникот, пренесува „Коха диторе“.
Косовецот изјави дека во овие први денови најмногу учи од Бруно Алвеш.
„Бруно Алвеш е голем професионалец, има играно на Светско првенство, ЕП и Лигата на шампионите. Тој е референтна точка, но убеден сум дека и сите други ќе ми помогнат да се адаптирам и интегрирам“.