Таулант Џака подолго време ќе отсуствува од тимот на Базел. Во понеделникот беше суспендиран на осум натпревари поради црвениот картон што го доби во неделата на натпреварот против Цирих.
Џака направи неколку неспортски постапки. Тој е суспендиран на седум натпревари поради црвениот картон и уште еден меч поради осмиот жолт картон.
Мирлинд Криезиу од Цирих е суспендиран на два натпревари.