Даниеле Де Роси со победа ја започна својата тренерска кариера во Рим.
Рома во саботата на „Олимпико“ ја совлада Верона со 2:1.
Ромелу Лукаку (19') и Лоренцо Пелегрини (25') ги постигнаа победничките голови за Римјаните.
За гостите, Мајкл Фолоруншо го намали водството во 76. минута. Десет минути претходно Ѓуриќ го промаши пеналот.
Победата ја одржува Рома на осмото место со 32 бода, два бода помалку од четвртото место на Фиорентина, за кое Де Роси изјави дека е целта на клубот оваа сезона.
Верона е 18-та со 17 бодови.