Иднината на централниот дефанзивец Матијс Де Лигт во Јувентус останува неизвесна, бидејќи неговиот агент предупреди на заминување на Холанѓанецот од италијанскиот тим.
Мино Раиола призна дека Де Лигт може да го напушти Јувентус на крајот на оваа сезона, додавајќи дека има многу понуди за него.
22-годишниот Де Лигт дојде во Јувентус од Ајакс во 2019 година за 85 милиони евра и има договор со „Старата дама“ до 2024 година.
Тој оваа сезона има четири натпревари за Јувентус во сите натпреварувања. „Мислам дека Де Лигт е еден од најдобрите дефанзивци во Европа.
Тој има договор со Јувентус, но може да си замине на крајот од оваа сезона бидејќи има многу тимови заинтересирани за него“, предупреди Раиола.