Администраторите на веб-страницата на Њукасл Јунајтед објавија видео на лик од цртан филм кој колабира додека се обидува да се качи по скалите. Ова видео беше лансирано со наслов „Сием де Јонг оди на тренинг“. Откако фудбалерот го видел тоа видео го споделил со своите 250.000 следбеници на „Твитер“, пишува денеска Коха Диторе.
„Да, понекогаш треба да ги прифатите шегите со спортски дух. Моите пријатели често ми испраќаат такви смешни слики или видеа за мене. Сега можам да се смеам, но ако размислам за повредите тогаш се беше сериозно“, изјави поранешниот играч на Ајакс. кој откри дека неговата кариера е при крај поради повреда на окото и откако белите дробови двапати му колабирале.
„Немав среќа, ништо не можев да направам за да ги спречам овие повреди. Посакувам мојата приказна да беше поинаква“, изјави Де Јонг.
Тој пристигна на Сент Џејмс Парк за 6.6 милиони евра, освојувач на титулата во холандската лига со Ајакс минатата сезона и една од најголемите ѕвезди во неговата земја. Но, од неговото преселување во Њукасл, тој започна само четири натпревари.
(Целиот напис можете да го прочитате во денешниот број на Коха Диторе)
Весникот Коха Диторе можете да го прочитате и на интернет. Овде можете да најдете појаснување за тоа како да се претплатите.