Дани Себаљос се очекува да го напушти Реал Мадрид на лето. Негова нова дестинација се очекува да биде Реал Бетис. Себаљос со Реал има договор до летото 2023. Шпанецот сака да премине во Бетис, но пречка може да биде цената од 15 милиони евра, пренесува „Мундо Депортиво“ во четврток.
Себаљос претпочита да се пресели во клуб каде што може да игра редовно.
Неговата цел е да биде вклучен во Шпанија на Светското првенство што ќе се одржи во ноември и декември оваа година во Катар.