Матео Ковачиќ во вторникот му беше претставен на англискиот шампион Манчестер Сити.
29-годишниот Хрват потпиша четиригодишен договор со англискиот тим. Тој беше префрлен во Сити од друг англиски тим, Челзи. Тој е среќен што му се приклучи на Сити.
„Ова е големо достигнување за мене и едвај чекам да започнам со Сити. Секој кој го видел овој тим под водство на Пеп Гвардиола знае колку се добри. За мене тие се најдобри на светот. На сите им се јасни трофеите кои ги освоија, но тие се и најдобриот тим во англискиот фудбал. Приклучувањето во овој тим е навистина сон за секој фудбалер“, изјави Ковачиќ за официјалниот сајт на клубот. И во англискиот тим беа задоволни од трансферот на хрватскиот играч за врска. Тој играше пет сезони за Челзи. Ја освои Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Светското клупско првенство, Суперкупот на УЕФА. За Хрватска досега има одиграно 95 натпревари.