Премиер лигата започна истрага за можни финансиски неправилности од страна на тимот на Челзи. Челзи во јули беше казнет од УЕФА со околу 10 милиони евра поради кршење на правилата на „Финансиски фер-плеј“, како резултат на „доставување нецелосни финансиски информации“ за годините 2012-2019 година.
„BBC“ во средата напиша дека Премиер лигата започнала истрага за финансискиот аспект на овој тим. Доколку Челзи биде прогласен за виновен во овој случај, тогаш ќе следува одземање на бодови и парична казна.
Шампионот на Англија, Манчестер Сити беше обвинет за кршење на финансиските правила, но тие беа демантирани од освојувачот на тројната круна. Дури и Евертон рече дека не направил ништо нередовно и негираше дека ги прекршил финансиските правила.