Екипата на Челзи инсистира на трансфер на играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабиот во текот на јануарскиот преоден рок. „Тутоспорт“ во средата напиша дека Челзи веќе испратил официјална понуда до Јувентус за Французинот.
Познато е дека за неговата карта Челзи на италијанскиот тим му ја понуди картата на Н’Голо Канте. Канте оваа сезона имаше проблеми со повреди, а одби и да го продолжи договорот со Челзи кој истекува на крајот од сезоната.
Рабиот има договор и со Јувентус до следното лето, додека оваа сезона прикажа добри настапи постигнувајќи четири гола во сите натпреварувања.