Раководните лица на миланскиот клуб започнаа разговори со Хакан Чалханоглу за продолжување на договорот.
Според италијанските медиуми, разговорите меѓу клубот и играчот значително напредувале.
Се наведува дека турскиот играч за врска барал плата од пет милиони евра по сезона, која ќе ја плаќа црвено-црниот клуб.
26-годишниот фудбалер е во последната година од договорот со Росонерите.
Сезонава на 24 натпревари во сите натпреварувања постигна шест гола и девет асистенции.