Титулата во Бундеслигата, шеста по ред за Баерн, можеби е само прашање на време.
Со предност од 17 бодови на врвот на табелата, Баварците можат да ја освојат лигата на пет натпревари до крајот, ако победат дома со Аугсбург во сабота, или ако второпласираниот Шалке не успее да го победи Хамбург на гостински терен, пренесува КТВ. .
Баерн е немилосрден кон своите противници по враќањето на 72-годишниот Јуп Хејнкес, кој го предводеше тимот до тројната круна во 2013 година, се пензионираше, но потоа се врати да го замени отпуштениот Карло Анчелоти.
Под водство на Хејнкес, Баерн победи на 18 од 21 натпревари во Бундеслигата, седум победи во низа во Лигата на шампионите и стигна до полуфиналето на Купот на Германија, но и покрај нивните успеси, не можат да го убедат да остане уште една сезона.
Во првиот натпревар од овој шампионат Баерн победи со 3:0. Сепак, на овој меч Хејнкес влегува без играчите Алаба, Коман и Нојер, додека Бернат е во сомнеж.
Во меѓувреме, третопласираниот Дортмунд во недела е домаќин на Штутгарт на домашен терен, додека Лајпциг, кој го затвора германскиот топ 4, ќе му гостува на Баер Леверкузен.