Во Баерн Минхен на лето ќе заврши една ера. Томас Мулер повеќе нема да биде дел од баварскиот тим, пишува „Кикер“ во недела.
Според познатиот германски весник, Баерн сака да го задржи 35-годишниот, но во друга улога и ги држи сите опции отворени.
Мулер сакаше да го продолжи договорот со Баерн, но Макс Еберл, спортскиот директор на клубот, ги известил претставниците на офанзивниот играч дека повеќе не е дел од плановите.
Милер професионално игра 17 години и е легенда на Баерн. Целата кариера ја помина во Баерн. За Германија има одиграно 131 натпревар и постигнато 45 голови.